УЈП ќе излезе уште посилна и поправична, вели Лазовски по случајот со суспендираните инспектори кои предупредувале за контроли во „Пулс“

Лазовски: Не е разнишана довербата во УЈП

од Nikola Popovski
12 прегледи Славко Лазовски/Фото: Локално

Инспекторот мора да точно ја одмери границата меѓу даночните совети кои е слободен да му ги даде на даночниот обврзник и податоци кои претставуваат даночна тајна кои смее да ги даде само на неговиот првопретпоставен и никому друг ниту на директорот на Регионалната дирекција, ниту на генералната директорка на УЈП, а најмалку да ги споделува со даночниот обврзник кои се предмет на надворешната контрола, објаснува даночниот експерт, Славко Лазовски околу тоа дали е разнишана довербата во УЈП по случајот со инспекторите кои го предупредувале газдата на дискотеката „Пулс“ кога ќе има контроли во објектот.

Соговорникот, сепак, смета дека во никој случај не е разнишана довербата во националното даночно тело. Потенцира дека УЈП е голема и значајна национална институција и неа не ја сочинуваат еден, двајца или неколкумина државни службеници.

-По ова УЈП ќе излезе уште посилна и поправична. Немили настани се случувале во минатото низ целиот свет и преполна е даночната историја со  исти и слични, па и многу понепријатни настани, оценува Лазовски во разговор за „Локално“.

Инспектори од УЈП предупредувале за контроли во „Пулс“ во замена за подароци: „Корупцијата во даноците е детска играчка во однос на коруптивните случувања во другите области“