УЈП најави прекин во работата на системите МојДДВ, е-ПДД и е-Даночни услуги

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги.

Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ.

По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Апелираме до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин, соопштија оттаму.

Слични содржини