УЈП објави нова листа на должници-4.099 фирми и физички лица

од desk3
101 прегледи

dolgnik1
Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.03/2015 за долгови доспеани до 30.11.2014 и неплатени до 28.02.2015 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

-повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност

-повисок од 300.000 денари за правните лица

Листата на должници е објавена на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Целата листа на која се наоѓаат 4.099 државни и приватни фирми и физички лица можете да ја погледнете ТУКА.