УЈП: Платете го веднаш доспеаниот данок за 2023 и избегнете присилна наплата

од Nikola Popovski
84 прегледи

Согласно евиденцијата на УЈП, оттаму информираат дека  4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход („ДЛД-ГДП”) за 2023 година што требаше да се плати во законскиот рок до 30.06.2024 година.

Според соопштението, во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие основи што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.

За чекорите на плаќање, повеќе информации види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1990

-Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10,000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172, велат од УЈП.

Слични содржини