УЈП: Размената на податоци со ЦРМ е клучна за бизнис опкружувањето

од Vladimir Zorba
605 прегледи

Долги години наназад постапката за регистрација на даночен обврзник и доделување на даночен идентификационен број е дел од постапката за регистрација на трговско друштво во Трговскиот регистар – едношалтерски систем, што овозможи скратување на времето за регистрација и отпочнување на бизнис, соопштија од Управата за јавни приходи.

На неодамнешниот, работен состанок помеѓу директорките на УЈП м-р Елена Петрова и Анита Стамнова и претставници од двете институции се разледаа и разговараа можностите за понатамошно поедноставување на постапките и унапредување на сервисите за размена на податоци и документи, особено: во рамки на новиот Регистар на иматели на сметки кој ќе го води Централниот регистар, за запишување на странци како основачи и управители на компании во Централниот регистар, доставување по службена должност на уверенија за платени даноци од УЈП во постапка за пренос на удел во Централен регистар, бришење на неактивни субјекти по службена должност во Централен регистар по претходна проверка во Управата за јавни приходи.

Двете институции се посветени на унапредување на процесите и системите со цел поефикасно извршување на своите надлежности и подобра „клима“ за работа на компаниите.

Слични содржини