УЈП во моментов не може да спроведе присилна наплата на фирмите кои немаат дадено плати за февруари и март

од Берта Китинска
370 прегледи

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција соопшти дека фирмите преку системот на УЈП можат да поднесат барање до 30 април со цела да аплицираат за исплата на платите кои доцнат за месеците февруари и март.

-За месец февруари според податоците вкупно 3774 работодавци  немаат исплатено плата за 9947 работници, а  за март  чија плата требаше да биде законски дадена до 15 април бруто плата немаат исплатено вкупно  14 998 работодавачи, а  54662 лица  немаат добиено плата.Имајќи предвиде дека законот за петтиот пакет доцнеше и се очекуваа реализација за поддршка не можеме да спроведувам присилна наплата како и опоменување , рече Лукаревска.

Слични содржини