Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска денеска информираше дека контролата на Управата во фабриката „Баргала“.
-Будно го следиме случајот со „Баргала“. Нашата контрола таму е при крај и ќе имаме голем наод. Можам да кажам дека е многу лоша состојбата од даночното и сметководственото работење и дека се утврдени голем број на неправилности од енормни размери, што се несвојствени за добро работење на кој било даночен обврзник, вели Лукаревска.
Во УЈП постојано стигнувале информации од страна на здруженијата кои се борат за заштита на работничките права и од вработените во „Баргала“ дека се прават одредени злоупотреби и најави дека и понатаму ќе постапуваат и тоа не само со даночна контрола, туку ќе ги известат и сите други надлежни институции.
– Не само што утврдивме контрола по основ на персонален данок на доход и за неисплатените плати, туку направивме и контроли и по основ на данокот на добивка и данокот на додадена вредност. Бидејќи сме при крај на контролата ќе доставиме и решенија кај даночниот обврзник, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција по повод „Две години МојДДВ со граѓаните”.