УКИМ е 1594-ти најдобар светски универзитет

од Nikola Popovski
283 прегледи

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) e 1.594-ти најдобро рангиран универзитет во светот, покажува светската листа на универзитети на Webometrics Ranking of World Universities (Вебометрикс), што е пад за 100 места во однос на рангирањето од јули 2021 година.

Вториот најдобро рангиран македонски универзитет „Гоце Делчев“ во Штип се најде дури на 3.711. место. По него следуваат Југоисточниот универзитет во Тетово (4.547), Тетовскиот универзитет (4.610), „Свети Климент Охридски“ од Битола (6.304).

Европскиот универзитет е најлошо рангиран и се наоѓа дури на 24.190. место.

Пред речиси една година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се најде на 1.944 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година, која ја издава Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).

Слични содржини