УКИМ и АПОД ДООЕЛ од Гевгелија потпишаа значен Меморандум за соработка

Преку Кариерниот центар Тривити, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија, потпишаа Меморандум за соработка.

Од таму велат дека заедничката заложба е остварување и засилување на односите помеѓу стопанството и високото образование, во насока на општествен развој.

Како што потенцираат, целта на соработката е приближување на приватниот сектор со наставно-образовните институции, поттикнување на интересите и подготовка на студентите за практиканство, подготовка на студентите за прво вработување, приближување на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор, како и стручна соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и Кариерниот центар Тривити.

Во таа насока, предвидени се и работни посети, конференции, работилници и други облици на размена на искуства и знаења, како и одржување на заеднички средби со учество на трети страни и меѓународни организации.

Слични содржини