На најдобриот српски тенисер ќе му биде дозволен влез во Австралија и покрај статусот на вакцинација.
Австралиската влада ќе му дозволи на Новак Ѓоковиќ да настапи на следното издание на Австралија опен и покрја тоа што не е вакциниран.
„Хералд Сан“ ексклузивно пренесува дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен кој ќе се одржи во јануари 2023 година.
Српскиот тенисер одби да прими две дози на вакцина против Ковид 19 и поради тоа беше депортиран од Австралија после десетдневна драма, по што стана јасно дека нема да може да ја брани титулата во Мелбурн парк. Наредните неколку месеци, протоколите во Европа попуштија и Новак доби дозвола да игра на Ролан Гарос и Вимблдон, па сезоната ќе ја заврши само со освоената титула во Лондон.
Поради истата причина како и во Австралија, Новак не доби дозвола да игра и на Ју-Ес Опен, но за разлика од стартот на година, сега воопшто не отпатува за Америка и уште пред ждребот беше јасно дека е надвор од турнирот.
Good news for Novak if this report is accurate about the 2023 @AustralianOpen https://t.co/EfvRr2MAKu
— Darren Cahill (@darren_cahill) September 10, 2022