Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на Плетвар

од Nikola Popovski
218 прегледи

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Плетвар се укинува во 20.00 часот, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од слаб снег се бележат во Битола, Прилеп, Крушево и Струмица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини