Сите забрани за полетување и слетување, како и забраните за летови во радиус од 200 километри околу аеродромот Пулково во близина на Санкт Петербург се укинати. Ова за ТАСС го потврди извор близок до службите за итни случаи на аеродромот Пулково.
„Сите ограничувања се укинати“, изјави овој извор за ТАСС.
Според него, ограничувањата престанале да важат во 11:40 часот по московско време, два часа порано од претходно објавеното.
Да потсетиме, во вторник наутро, нешто по 9 часот по московско време, откажани се сите полетувања и слетувања, како и летови до и од аеродромот Пулково кај Санкт Петербург, бидејќи, како што наведуваат руските медиуми, неидентификуван летечки објект се појавил на небото.
Руските медиуми објавија дека се подигнати борбени авиони, како и дека е прекинато летањето на сите височини во радиус од 20 километри околу самиот аеродром.