Укинати забраните за тешки товарни возила на патот Маврово- Дебар

од Nikola Popovski
149 прегледи

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека во 07.00 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово- Дебар.

-Моментно сите забрани за сообраќај за тешки товарни возила се укинати, соопштуваат од ЦУК.

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинаа во 04:40 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини