Укинувањето на роамингот на Западен Балкан се прослави со концерт на Преспанското Езеро

од Nikola Popovski
526 прегледи

Музичари од целиот регион вечерва настапија на Преспанското Езеро, на концертот наречен „All-Western Balkans Jam“ по повод укинувањето на роамингот на Западен Балкан.

Западниот Балкан од денес е зона без роаминг, според договорот потпишан од лидерите на регионот во април 2019 година.

Концертот, на кој присуствуваа неколку стотици луѓе на плажата Оташево, беше организиран од Советот за регионална соработка со поддршка на Владата на С. Македонија.

„Каде и да патувате во регионот, од денес само наполнете ги батериите на вашите телефони и ќе можете да испраќате пораки, да се јавувате, да сурфате на Интернет, да објавувате на Инстаграм, a роамингот за сè тоа ќе биде нула од денес“, рекла пред присутните, генералната секретарка од Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу додаваќи дека е среќна што укинувањето на роамингот се слави со младите од регионот.

Настапиле бендовиите и диџеи од Западен Балкан, како што се САРС (Србија), Who See (Црна Гора), Хелем Нејсе (БиХ), Узун баба ог-Сектор 909 (Македонија), Урбан Б (Косово) и Диџеј Сарди (Албанија)

Слични содржини