443
Професионално трениран коњ, чија вредност се проценува на 50.000 евра, бил украден од одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром, пренесува „Лидер“.
Претходно некои медиуми објавија дека украденото животно е на МВР, но оттаму ја демантирале информацијата.
„Во ова одделение на МВР има огромно обезбедување. Таму се тренираат и полициските кучиња. Ова животно може да се украде само од внатре затоа што се работи за обезбедена локација. Тоа е исто како да украдат коњ од полициска станица“, открил извор близок до министерот Оливер Спасовски, пренесува „Лидер“.
Коњот кој се чувал во Хиподром е украден од непознат сторител.