31
Скопската полиција информира дека кај нив било пријавено како од паркот „Жена борец“ во Скопје од Споменик на култура на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со употреба на физичка сила била одземена спомен плоча. Надлежните служби веќе преземаат мерки за расчистување на настанот и за идентификација на сторителот.
За вандалскиот чин првично се огласи архитектката, Даница Павловска- Циги, која е воедно и автор на делото.
Спомен-плочата е дел од меморијална поставка која им оддава почит на иселените и прогонетите Македонци од Егејска Македонија. Таа се смета за споменик на култура со посебно историско значење.