Украдени документите на докторката-родилка која лажеше дека е лекарка и дека немала контакт со позитивен на коронавирус

од Nikola Popovski

Во Гинеколошка акушерската клиника е откриено дека некој им упаднал во медицинската документација и ја зел изјавата на родилката-лекарка која не пријавила дека во семејството има заразено лице.

Директорката на клиниката Викторија Јовановска потврдила дека денеска е откриено ова серизоно кривично дело за што е пријавено и во МВР и во обвинителството.

-Изјавата е скината и тоа е видливо бидејќи е захефтана за приемниот лист на пациентката. Увид изврши и инспектор од здравствено-санитарниот инспекторат, изјавила директорката Јовановска. Надлежните служби на ГАК ја провериле камерата и на неа ја има родилката како доаѓа и ги потпишува документите меѓу кои и изјавата дека немала контакт со заболен иако нејзиниот свекор бил болен.

Родилката која е дипломирана на Медицински факултет сама се испишала од Гинекологија и отишла на породување со царски рез во приватната болница Реемедика исто без да пријави заболен од семејството. 4-ца лекари од приватната болница се во самоизолација.

Слични содржини