Украдени неколку нови садници, Град Скопје апелира: „Градското зеленило е за заедничко и општо добро“

од Берта Китинска
215 прегледи

Украдени се неколку нови садници од средишното зеленило на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, информираат од Град Скопје.

-Градското зеленило е за заедничко и општо добро, затоа апелираме до граѓаните за повисока свест и поголема грижа за животната средина, велат од Градот.