Украдени пари и документи од автомобил на носител на советничка листа

од Nikola Popovski
416 прегледи

Синоќа се случил грабеж во струмичко Ново Село, при што од автомобилот на носител на советничката листа на СДСМ, Иле Илиев му биле одземени пари и документи.

Според Илиев, сторителите го искршиле стаклото од вратата на предната десна врата, најверојатно со камен и од автомобилот одзеле пари и документи.

-Не сакам никого да обвинувам, но постојат сомнежи кај мене. Веднаш по извршениот грабеж го пријавив настанот во полицијата, вели Илиев.

Од СВР Струмица појасниле дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.