Шпанската полиција соопшти дека уапсила двајца мажи кои од патници на аеродромот во Барселона наводно украле рачен багаж со накит и пари, вреден вкупно 8,5 милиони евра.
Во рачните торби имало часовници и накит, меѓу кои и прстен од 47 карати вреден пет милиони долари.
Каталонската полиција соопшти дека видеата од безбедносните камери на аеродромот им помогнале на истражителите да ги идентификуваат луѓето кои наводно ги украле торбите во средата.
Полицискиот инспектор Франсеск Гарсија изјави дека осомничените биле уапсени додека ја напуштале Барселона, а украдената стока, вклучувајќи скап прстен и околу 20.000 евра во различни валути, била во багажник на автомобил.
Шпанската новинска агенција ЕФЕ објави дека на аеродромот биле ограбени Руси.