Украина ѝ врати на Русија 101 воен заробеник

од Stefanija Kuzmanovska

Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Украина по преговорите вратила 101 воен заробеник.

„Руски воен транспортен авион ќе ги префрли затворениците во Москва на лекување и рехабилитација во медицинските установи на руската армија“, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Јермак потврди дека во Русија се вратени 100 војници и еден цивил.

Слични содржини