Украина: 4.390 украински деца во Русија и на привремено окупираните територии

од Stefanija Kuzmanovska
126 прегледи

Вицепремиерката на Украина и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук изјави дека има 4.390 украински деца од специјални институции на привремено окупираните територии на Украина и во Русија.

„Станува збор за деца од посебни детски установи – сираци и деца без родителска грижа“, изјави Верешчук, пренесува „Интерфакс Украина“.

Според неа, во потрагата по овие деца се вклучени сите оддели на Украина, бидејќи Русија, како што тврди таа, ги крие сите информации за нив.