190
Украина доби серија од уште четири високомобилни артилериски ракетни системи ХИМАРС од американско производство, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
– Благодарен сум на американскиот претседател Џозеф Бајден, на секретарот за одбрана Лојд Остин и на американските граѓани за зајакнувањето на украинската армија – напиша министерот Резников на Твитер, пренесе „Ројтерс“.
Ракетните системи ХИМАРС имаат поголем дострел и се попрецизни од украинската артилерија од времето на Советскиот Сојуз, дозволувајќи им на украинските сили да напаѓаат руски цели кои претходно биле недостапни.