Украина доби уште една милијарда евра од ЕУ од приходите од замрзнатите руски средства

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Украина доби уште една милијарда евра од Европската Унија од приходите од замрзнатите руски средства, објави денес премиерот на земјата Денис Шмихал.

Според него, ова е петтата транша од макрофинансиската помош од ЕУ во рамките на иницијативата ЕРА.

„Собраните средства ќе ги насочиме кон клучни расходи на државниот буџет“, нагласи Шмихал на Телеграм, според украинскиот Интерфакс.