Украина: Едно лице загина, најмалку осум се повредени во напад на руски дрон врз Суми

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Едно лице загина, а најмалку осум се повредени во руски напад врз градот Суми во североисточна Украина, соопштија денеска локалните власти.

Според извештаите, во нападот била оштетена фабрика во тој град, а имало и пожар, поради што локалните жители биле замолени да не ги напуштаат своите домови, пренесува Ројтерс.

Украинското јавно обвинителство соопшти дека фабриката произведува амбалажа за храна за бебиња, сок и производи за домаќинството.

Слични содржини