Украина: Едно лице загина, а пет се повредени во ракетен напад врз Одеса

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а пет се повредени во ракетен напад на руските сили врз Одеса, соопшти украинската оперативна команда „Југ“.

Се наведува дека ракетниот напад бил извршен врз трговски центар и магацин за стоки за широка потрошувачка, пренесува „Интерфакс Украина“.

Во градот биле испукани седум проектили.

Руските сили продолжуваат да го уништуваат Азовстал

Руските сили продолжуваат да ја уништуваат инфраструктурата на фабриката Азовстал во Мариупол со артилериски и воздушни напади, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Борбата за таа фабрика продолжува, пренесува UNIAN.

Најмалку 100 цивили остануваат во фабриката за челик Азовстал

Најмалку 100 цивили останаа во фабриката за челик Азовстал, која е под руски оган во јужниот украински град Мариупол, изјави денеска помошникот градоначалник Петро Андриушченко.

„Покрај армијата, во засолништата на Азовстал остануваат најмалку 100 цивили, но тоа не ја намалува силата на окупаторските напади“, објави Андрушченко на Телеграма, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини