Украинската државна телевизија извести дека денеска во раните утрински часови се слушнале експлозии во украинските градови Николаив и Запорожје, додека во главниот град Киев се слушале сирени за воздушен напад.
Експлозии се случија во Запорожје, потврди шефот на градската администрација Александар Старух, пренесува ТАСС.
Во регионите на Киев, Суми, Черкаси, Кировохрад, Николаев, Дњепропетровск, Харков и Полтава, како и во делот на регионот Запорожје под контрола на Киев, беше прогласена тревога за воздушен напад.
Ширум Херсон одекнаа пет експлозии
Пет експлозии одекнаа утрово во украинскиот град Херсон, јавија руските медиуми, додавајќи дека според неофицијални информации, активирани се противвоздушни системи.
Херсон, административниот центар на пошироката област Херсон, беше еден од првите градови кој падна под контрола на руските сили, по нападот на Украина на 24 февруари, потсетува „Ројтерс“.