Министерството за надворешни работи на Украина ги осуди руските избори на окупираниот Крим и посочи дека тоа е кршење на меѓународното право.
„Уште еднаш нагласуваме дека резултатите од таканаречените избори на привремено окупираната територија на Автономната Република Крим се безвредни, а со самото тоа и нелегитимни“, се вели во соопштението на тамошното Министерство, ренесува Радио Слободна Европа.
Од Министерството додале дека оние кои се вклучени во „подготовката и одржувањето на таканаречените избори ќе бидат кривично гонети во согласност со сегашното законодавство на Украина“.
Од 6 до 8 септември, руските власти организираа избори за кримскиот парламент, општинското законодавно тело на пристанишниот град Севастопол и членовите на локалните совети.