167
Киев ги презеде системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, потврди денеска украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.
Резников на Твитер наведе дека украинското небо сега е многу побезбедно благодарение на преземените системи.
Тој изјавил дека украинските партнери „се одржале на зборот“ и иако не прецизирал на кои партнери се мисли, му се заблагодарил на германскиот министер за одбрана, пренесува „Ројтерс“.