Украина го повика бугарскиот амбасадор во врска со изјава на Радев за Крим

од Milan1

Kостадин Којабашев, амбасадорот на Бугарија во Киев, утрово беше повикан во украинското МНР за да му биде предадено несогласувањето на земјата со изјавите на претседателот Румен Радев за време на синоќешната предизборна дебата Крим кога тој изјави, „Во моментов е руски, каков и да е”.

Во соопштението од Министерството тие зборови се оценети како некорктни и недозволиви.

„Беше нагласено дека зборовите на актуелниот бугарски претседател не придонесуваат за развојот на добрососедските односи меѓу Украина и Бугарија и остро се контрадикторни со официјалниот став на Софија за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја во нејзините меѓународно признати граници. Очекуваме бугарскиот претседател Румен Радев да ја повлече неговата вчерашна изјава”, се вели во соопштението.

Слични содржини