Украина го прекина транзитот: Европа останува без третина од испораките на гас од Русија

од Nikola Popovski
206 прегледи

Европа останува без третина од испораките на гас од Русија, бидејќи Украина го прекинува транзитот, пренесува Спутник.

„Операторот на гасоводен транспортен систем на Украина информира дека од 07.00 часот на 11 мај 2022 година, гас нема да се прима во гасо транспортниот систем на Украина во точката „Сорановка““, се наведува во соопштението, пишува Спутник.

Како што беше прецизирано, поради појава на околности на виша сила, не е можен натамошен транспорт на гас преку станицата „Сохрановка“ и граничната компресорска станица „Новопсков“, кои се под контрола на Русија.

Според Спутник, операторот наведува дека речиси една третина од гасот што се испорачува од Русија во Европа во транзит поминува низ компресорската станица Новопсков – до 32,6 милиони кубни метри дневно.

Компанијата наведува дека „за исполнување на транзитните обврски кон европските партнери, можно е привремено да се префрлат непристапните капацитети од точката „Сорановка“ до точката „Суџа“, која се наоѓа на територијата контролирана од Украина.

Слични содржини