589
Украинските војници денеска објавија дека повторно го освоиле селото Благодатне во Доњецката област во југоисточна Украина, кое беше под окупација на руските сили и дека тоа е првото село ослободено по започнувањето на контраофанзивата оваа недела.
На видеото што го објави 68-та украинска бригада, може да се види дека војниците го подигнале украинското знаме на бомбардирана зграда, објави „Ројтерс“.
„Ги гледаме првите резултати од контраофанзивните акции“, изјави Валери Шершен, портпарол на воениот сектор „Таврија“.