Претседателот на Украина Володимир Зеленски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за подготовка на нов пакет воена помош за Украина.
„Имав долг и значаен телефонски разговор со Емануел Макрон. Му честитав за именувањето на новиот премиер Мишел Барние. Францускиот претседател изрази сочувство во врска со руските напади врз Лвов, Полтава и други градови и заедници“, се вели во синоќешното соопштение на прес-службата на украинскиот претседател.
Во пресрет на состанокот на контакт групата во Рамштајн форматот, Зеленски и Макрон разговарале за продолжување на одбранбената соработка, подготовката на нов пакет воена помош за Франција, како и за можноста за заедничко производство на некои видови оружје, пренесува „Укринформ“.
„Уште еднаш нагласив: очајно ни е потребна дозвола од нашите партнери за напади врз аеродроми од кои полетуваат противвоздушни ракетни носачи, па затоа сметаме на единството на нашите сојузници по ова прашање“, посочил Зеленски.