Украина испраќа дополнителни сили за одбрана на Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Во Украина и денеска се водат жестоки борби на неколку фронтови.

Украинската воена команда наведува дека нивните сили одбиле повеќе од 90 пешадиски удари во изминатите 24 часа.

Најтешка е ситуацијата во Бахмут на истокот на земјата, каде е забележан напредок на руските сили во делови западно од градот. Украинските власти продолжуваат да испраќаат засилување во областа.

Претседателот Владимир Зеленски вели дека овој град е стратешка позиција од која украинската армија нема да се повлече.

Слични содржини