Украина: Избила престрелка меѓу Вагнер и руската редовна армија, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Главниот штаб на украинските вооружени сили во својот вчерашен извештај соопшти дека конфликт меѓу војниците на руската армија и злогласната платеничка група „Вагнер“ прераснал во престрелка. Украинците наведуваат дека се се случило во окупираниот град Станица Луганска во областа Доњецк.

„Двете страни (различни руски сили) се обидуваат да ја префрлат вината за сопствените тактички погрешни проценки и загуби една на друга“, се вели во извештајот. Се додава дека во конфликтот имало жртви и од двете страни, пренесува „Киев Индипендент“.

Пригожин веќе го нападна министерството за одбрана

Иако не се појавија надворешни докази за да го поддржат тврдењето за пукањето, познато е дека силите на „Вагнер“ честопати влегувале во вербални препукувања со руското министерство за одбрана на повисоко ниво. Во февруари, шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин го обвини раководството на министерството за „предавство“, бидејќи неговите сили не биле снабдени со потребната муниција.

Потоа на социјалните мрежи објави дури и фотографија на која тврди дека се прикажани десетици мртви Вагнеровци. За нивната смрт ги обвини „оние кои требаше да го решат проблемот со снабдување на Вагнер со доволно количество муниција“.

Инаку, на почетокот на јули минатата година руските сили целосно ја окупираа областа Луганск по заземањето на Лисичанск, последниот голем град во регионот кој беше под украинска контрола.

Слични содржини