Украина изврши еден од најголемите напади со дронови на Москва досега

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Украина изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, а руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку десет беспилотни летала, изјави утринава градоначалникот на Подолск, кој се наоѓа на 38 километри јужно од руската престолнина.

„Системите за противвоздушна одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите на непријателските летала. Некои од нив беа уништени над Подолск. Ова е еден од најголемите обиди за напад на Москва со беспилотни летала. Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата“, напиша градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.

На социјалните мрежи се шират снимки од нападот.

Според првичните информации, нема повредени лица, ниту евидентирана штета, додаде Собјанин. Украина во изминатите неколку месеци постојано испраќаше по еден или два беспилотни летала кон Москва, секој пат без значителна штета.

Синоќешниот напад беше поголем од најголемиот досега

Сепак, се чини дека овој последен напад е поголем од оној во мај минатата година, кога над главниот град беа уништени најмалку осум дронови, што го поттикна рускиот претседател Владимир Путин да рече дека Киев се обидува да ја испровоцира и исплаши Русија.

Руските власти ретко даваат целосни детали за нападите, главно известувајќи само за уништени беспилотни летала од нивните единици за воздушна одбрана. Исто така, и Русија и Украина ретко го откриваат целосниот обем на штетата што се јавува како резултат на меѓусебните напади, освен во случаите кога е оштетена станбена или цивилна инфраструктура или кога е убиен цивил.

Дел од посеопфатен напад

Споменатиот напад врз Москва е дел од поголем напад со беспилотни летала од Украина, забележаа руските власти, имајќи предвид дека системот за противвоздушна одбрана запре 18 беспилотни летала над областа Брјанск во југозападна Русија и уште неколку над други региони. Но, и таму не е забележана штета.

Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди овие извештаи, а Украина се уште не ги коментираше.

Киев ги засили воздушните напади на руска територија во последните месеци, но вели дека тоа го прави за да ја уништи клучната инфраструктура потребна за воени операции. Тие наведуваат и дека нивните напади се одговор на континуираните руски напади на украинска територија.

Слични содржини