328
Портпаролот на украинската војска Валери Шершен денеска изјави дека руските сили разнеле брана во близина на селото Новодаривка, предизвикувајќи поплави на двата брега на реката Мокри Јали во Луганск, но Би-Би-Си не може самостојно да го потврди ова тврдење.
Шершен рече дека Русија намерно дига во воздух брани во регионот за да го запре напредувањето на Украина кон окупираните територии.
Минатиот понеделник беше пробиена огромната брана Велика Каховка, што предизвика големи поплави.
Украинската војска и НАТО ја обвинија Русија дека е одговорна, додека Русија ја обвини Украина. Илјадници луѓе се евакуирани од ниските области од двете страни на реката Дњепар, пренесува „Танјуг“.