Бомба скриена во електричен тротинет го убил високиот руски генерал Игор Кирилов кој командувал со силите за заштита од нуклеарни закани во Москва, соопшти рускиот истражен комитет.
Украина ја презема одговорноста за оваа ликвидација, изјавил за Ројтерс и АП безбедносен извор од таа земја. Медиумите во Киев наведуваат и дека зад оваа ликвидација стојат украинските разузнавачки и безбедносни служби. Поточно, „The Kyiv Independent“ и „RBC Ukraine“ пишуваат дека Кирилов бил убиен од Службата за безбедност на Украина (СБУ), повикувајќи се на извор од таа агенција, пренесува „Јутарњи“.
Генерал-полковник Игор Кирилов, кој е командант на руските единици за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, е убиен пред станбена зграда на Рјазански проспект, 7 километри југоисточно од Кремљ.
„Убиени се Игор Кирилов, началникот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на Вооружените сили на Руската Федерација и неговиот помошник“, соопшти истражниот комитет на Русија.
Фотографиите објавени на руските канали на Телеграм го покажуваат уништениот влез на зградата покриен со урнатини и две тела кои лежат во крвавиот снег.