НЕУТРАЛНИОТ статус на Украина може да биде решение за конфликтот во регионот, смета поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер.
Познатиот дипломат и експерт во областа на меѓународните односи во својата нова книга „Лидерство: Шест лекции од светската стратегија“ напиша дека Русија секогаш ќе игра водечка улога во светот, а историјата и големината на територијата ја оправдуваат нејзината загриженост за безбедноста. Извадоци од книгата објави американското списание „Форин аферс“.
– Русија, поради својата голема територија и недостатокот на географска заштита, страда од постојано чувство на несигурност кое е длабоко вкоренето во нејзината историја. Катерина Велика го забележала овој идиосинкратичен (необичен) страв и рекла: „Немам друг начин да ги заштитам своите граници освен да ги проширам“ – ја цитира Кисинџер.
Тој посочува дека во случај Украина да стане членка на НАТО, тогаш границите на Алијансата ќе бидат на 500 километри од Москва, со што ќе се елиминира стратешката длабочина на која Русија отсекогаш сметала.
Дипломатот претпоставуваше дека решението на сегашниот конфликт би можело да биде „неутрална Украина“, но не објасни како ќе се гарантира безбедноста на таа земја како неутрална тампон држава.