УКРАИНА: Ќе го удвоиме бројот на граничари на границата со Белорусија

од Берта Китинска
430 прегледи

УКРАИНА ќе го удвои бројот на граничари на границата со Белорусија со цел да спречи каков било обид на мигранти илегално да влезат во земјата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.

Бегалците кои беа заробени на територијата на Белорусија во текот на изминатата ноќ неколку пати се обиделе насилно да влезат во Полска, соопшти денеска полската влада и објави дека ја зајакнала граничната контрола, пренесува Ројтерс.

Украина, која не е членка на ЕУ, има граница со Белорусија која се протега на 1.084 километри, а Монастирски потврди дека во граничната контрола ќе бидат вклучени и припадници на резервната гарда на Националната гарда и полицијата.

„Мобилните групи граничари ќе се движат по граничната линија за да откријат нелегални гранични премини“, рече тој на телевизискиот брифинг по состанокот на Украинскиот Совет за безбедност и одбрана со кој претседаваше претседателот Володимир Зеленски.

Слични содржини