19
Украина и Јапонија потпишаа договор за обезбедување на Киев со заем до 471,9 милијарди јапонски јени (околу 3 милијарди американски долари), кој ќе биде отплатен од приходите од замрзнатите руски средства, соопшти украинското Министерство за финансии.
„Денеска, министерот за финансии на Украина Сергеј Марченко и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Јапонија во Украина Масаши Накагоме потпишаа договор со кој се обезбедува заем за Украина до 471,9 милијарди јапонски јени“, се вели во соопштението, пренесе Укринформ.
Средствата се дел од Механизмот за забрзување на итни приходи на земјите од Г7 за Украина (ЕРА), во вкупна вредност од околу 50 милијарди долари.