Украина ќе ја изгуби војната од Русија, се огласи Венс, кој има црни прогнози за Зеленски

од Љубиша Владимиров
75 прегледи

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, се појави во емисијата на конзервативниот инфлуенсер и водител на подкаст, Чарли Кирк, каде што разговараше за неодамнешната средба на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Средбата се одржа во Ватикан за време на погребот на папата, што беше првото лице во лице соочување на Трамп и Зеленски откако Трамп се врати во Белата куќа.

Претходно, тие се сретнаа и во Овалната соба, на која присуствуваше и Венс. Во врска со моменталниот тек на преговорите за можен крај на војната во Украина, Венс истакна дека разговорите се интензивни, но тешки и неизвесни. Тој истакна дека понекогаш се јавува фрустрација како од страна на Украина, така и од Русија, што е вообичаено во текот на преговарачките процеси.

„Токму поради тоа, претседателот Трамп е решен да не дозволи да се откажеме. Тој нè принудува да се вратиме на преговарачката маса и да бараме решение“, изјави Венс.

Потпретседателот посочи дека најголем напредок досега е што и Русија и Украина отворено разговараат за условите под кои би го прекинале конфликтот, иако нивните барања се значително различни. Според него, тоа е суштината на дипломатијата, обидот да се приближат двете страни што имаат различни интереси.

„Не можам да гарантирам дека ќе успееме, но денес сум поголем оптимист отколку што бев пред две недели, а тогаш бев поголем оптимист отколку што бев пред два месеци“, нагласи Венс.

Тој исто така изјави дека дипломатијата користи комбинација на притисок, награди и закани, но со јасна цел, да се запре војната која се заканува да прерасне во катастрофа од поголеми размери. Во заклучок, Венс предупреди на можните последици ако војната продолжи: „Ако ова не се запре, Украинците нема да победат, туку ќе изгубат. Медиумите создаваат илузија дека ако војната продолжи, Русија едноставно ќе се распадне, а Украина ќе ги врати сите територии. Тоа не е реалност“.

Слични содржини