Украина: Ќе сметаме дека бродовите во руските пристаништа на Црното Море превезуваат воен товар

од Stefanija Kuzmanovska

Украинското министерство за одбрана денеска соопшти дека од утре, 21 јули, Украина ќе смета дека сите бродови кои пловат низ Црното Море до руските пристаништа превезуваат воен товар.

Во соопштението на украинското министерство се наведува дека од денеска е забранета како опасна пловидбата во областите на североисточниот дел на Црното Море и Керченскиот теснец.

Претходно руското министерство за одбрана објави дека од денеска сите бродови кои пловат низ Црното Море до украинските пристаништа се потенцијални носители на воен товар и соодветно на тоа се легитимни цели.

Слични содржини