Украина може да добие „поклон“ од Чешката Република. Чешка сака да им испрати на Украина неколку борбени авиони Ел-159 како поддршка на планираната украинска контраофанзива – денеска изјави чешкиот претседател Петр Павел.
Прага е меѓу најверните сојузници на Киев од почетокот на руската инвазија минатиот февруари, обезбедувајќи воена опрема вредна милијарди долари, од муниција до тенкови.
Борбениот авион Ел-159 од чешко производство е лесен суперсоничен борбен авион дизајниран за воздушна поддршка на копнените трупи, извидување и делумно и за воздушни борбени мисии.
– Вреди да се размисли дали можеме да и ги обезбедиме на Украина нашите борбени авиони Ел-159, рече Павел во интервју за државното радио.
– Како авиони за директна борбена поддршка исто така можат да и помогнат на Украина во значителна мера да ја спроведе својата контраофанзива, рече чешкиот претседател.
Сепак, секоја одлука за снабдување со оружје на Киев мора однапред да биде одобрена од чешката влада.