Украина: На борците на „Вагнер“ им велат да се подготват за војна во соседна европска земја

од Stefanija Kuzmanovska

Новите сателитски снимки забележаа зголемена активност во базата „Вагнер“, воспоставена во Белорусија.

Групата „Вагнер“ се пресели во Белорусија како дел од договорот со кој беше запрен нивниот обид за државен удар на 24 јуни во Русија.

Активностите во базата во близина на Тсел започнаа два дена по потпишувањето на договорот. Новата снимка, направена од Planet Labs PBC на 25 јули, покажува најмалку 200 возила повеќе во базата во споредба со 19 јули, кога можеа да се видат 300 возила. Ова вклучува приближно 60 големи приколки за камиони кои можат да се користат за транспорт на тешка опрема.

Евгениј Пригожин веќе е виден во базата и претходно.

„Скај њуз“ ја потврди автентичноста на снимката на која се гледа како тој им се обраќа на војниците во базата за време на посетата.

Во исто време, украинскиот национален центар на отпор тврди дека паравоената организација на „Вагнер“ групата продолжува да регрутира борци во Белорусија додека ја обучува белоруската армија, под услов регрутите да бидат подготвени „да учествуваат во непријателства на територијата на соседните земји, особено Полска и Литванија“.

Да потсетиме, белорускиот лидер Александар Лукашенко наводно помогнал да се постигне договор основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин и неговите војници да се преселат во Белорусија.

Слични содржини