Украина на врвот на дневниот ред и вториот ден од самитот на Г7 во Германија

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Конфликтот во Украина ќе продолжи да доминира на агендата денеска, на вториот ден од тридневниот самит на лидерите на Г7 во јужна Германија, а на разговорите преку видео врска ќе се приклучи и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД се собраа во неделата во баварското одморалиште – дворецот Елмау – за да работат заедно за да го зголемат притисокот врз Русија да ги повлече своите трупи од Украина и да ги ублажи негативните ефекти од војната.

Лидерите на Г7 веќе го искористија самитот како форум за објавување забрана за увоз на руско злато и заедничка инфраструктурна иницијатива за спротивставување на кинеското влијание во земјите во развој. Во тек се разговори и за можно ограничување на цената на нафтата.

На дискусиите во неделата учествуваа и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Слични содржини