Украина наведе дека руските удари покажуваат дека тие повеќе немаат балистички ракети

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Русија ја засилува употребата на системите за противвоздушна одбрана С-300 и С-400 за да напаѓа копнени цели, што сугерира дека залихите на балистички ракети на Москва се при крај, изјави денеска портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат.

Тој ги цитираше разузнавачките служби во Украина кои тврдат дека Русија има помалку од 100 модерни ракетни системи Искандер, објави „Ројтерс“.

Ихнат рече дека Русија наместо тоа ги користи системите С-300 и С-400 бидејќи ги има во изобилство.

Слични содржини