163
Портпаролот на источната воена команда на Украина, Сергеј Череватиј денеска негираше дека Русија ја презела контролата врз градот Соледар и рече дека украинските единици се уште се таму.
„Нашите единици се таму, градот не е под руска контрола“, изјави Череватиј за „Ројтерс“ во телефонско интервју.
Руското министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз Соледар.
Според информациите, Соледар од синоќа е под контрола на руската армија, пренесе „Интерфакс“.