Украина објави кој ќе биде новиот министер за одбрана на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
129 прегледи

Олексеј Резников повеќе нема да биде министер за одбрана на Украина. Како што соопшти синоќа агенцијата АФП, на негово место ќе дојде поранешниот директор на воената разузнавачка агенција Кирило Буданов.

Партијата на Зеленски ја потврди замената

Информацијата за разрешување на Резников, кој беше изложен на притисоци поради корупцискиот скандал во неговото министерство, ја потврди и Давид Арахамија, претседател на клубот на претставници на партијата Слуга на народот.

„Војната диктира промени во кадровската политика“, напиша Арахамија на Телеграм.

„Времињата и околностите бараат зајакнување и прегрупирање. Ова се случува сега и ќе продолжи да се случува во иднина… Непријателот се подготвува за офанзива. Се подготвуваме да се одбраниме и да го вратиме она што е наше“, додаде Арахамија.

Украинскиот весник „Правда“ вечерва објави дека партијата на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Слуга на народот, која е и најголема украинска партија, најавила дека на следната собраниска седница ќе гласа за разрешување на Резников. Тогаш и формално ќе биде прифатено разрешувањето на Резников.

Слични содржини