Украина објави што и треба од оружје: „Ова е нашата единствена желба за Божиќ“

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина Андриј Мелник во понеделникот побара западни борбени авиони, воени бродови и тенкови, по ветувањето на САД дека ќе испратат противракетни системи Патриот во Украина.

Украина е многу благодарна за „храбрите нови потези“ на САД, рече Мелник.
„Но, познато е дека се уште има табуа кои треба да се скршат. Итно ни требаат западни тенкови, борбени авиони, воени бродови, повеќецевни ракетни фрлачи, муниција. Ова е нашата единствена желба за Божиќ, изјави поранешниот амбасадор на Украина во Германија.

„Во спротивно, војната ќе предизвика уште повеќе страдања, смрт и уништување на Украина“, додаде Мелник.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ја подготвува својата војска и граѓаните за долготрајна војна и ги мобилизира сите расположливи ресурси.

„Украинците се подготвени до последен здив да се борат за ослободување на својата татковина, вклучувајќи го и Крим. Тоа е сигурно, без разлика што ќе направат нашите сојузници“, посочи тој.

Мелник одби да преговара со Русија и наводната желба на Кремљ за преговори ја нарече „целосен блеф“.

Тој категорично ја отфрли можноста Украина да се откаже од кој било дел од својата територија. „Киев смета дека е неприфатливо. Тоа нема да се случи“, рече Мелник.

Слични содржини